• вторник, 24 декември 2024

Народниот правобранител бара законски измени за финансиските друштва, тие заглавени во Собранието

Народниот правобранител бара законски измени за финансиските друштва, тие заглавени во Собранието

Скопје, 1 април 2023 (МИА) -  Народниот правобранител во четвртокот укажа на случаи во кои корисници на брзи кеш кредити треба да платат и до осумпати повисока сума за трошоци од висината на целиот кредит и побара веднаш да се пристапи кон законски измени со цел граѓаните да не бидат повеќекратно оштетени. 

МИА побара одговор од Народниот правобранител колку вакви претставки се пристигнати. Оттаму ни беше одговорено дека при крајот на минатата година биле поднесени неколку претставки од граѓани и дека она што загрижува е што постојната законска регулатива не нуди адекватни механизми за институционална заштита на потрошувачите и отсуствува соодветен надзор од надлежните институции. 

Воопшто не е спорно дека Народниот правобранител нема надлежност да постапува и презема дејства за заштита на нивните права пред тие правни субјекти. Меѓутоа, од нивната содржина и континуирано следење и анализата на севкупната состојба, констатира дека во овој сегмент отсуствува квалитетно информирање на граѓаните за нивите права и начин на нивна заштита. Исто така и постојната законска регулатива, не нуди адекватни механизми за институционална заштита на нивните права и легитими правни интереси при користењето на финансиските услуги и производи, а отсуствува и соодветен надзор од Народната банка на Република Северна Македонија и Министерството за финансии, се наведува во одговорот од Народниот правобранител за МИА.

Прекубројноста на осудените лица и несоодветните материјални услови во коишто се сместени, несоодветно постапување на затворскиот персонал, условите во коишто се сместени осудените лица во за

Народниот правобранител Насер Зибери во четвртокот на прес-конференција посочи пример во кој за земен кредит од 9.000 денари, побарано е од клиентот да плати сума од над 75 илјади денари по основ на трошоци. 

- За да има јавноста јасна престава за што зборувам ќе илустритам со еден пример. Земен кредит од 9.000 денари, за доцнење со негова исплата навистина како во рекламите, не се наплатува камата, меѓутоа се наплатуваат други огромни трошоци. Така за конкретниот пример на име достасан надоместок наплатени се 2.026 денари, за надоместок за доцнење дури 58.846, денари, па кога на ова ќе се додаде износот за пратената опомена 5.900, денари долгот ја достигнува сумата од 75.772 денари, што е сума за осум пати поголема од главнит долг, посочи Зибери.

Од овие причини, Народниот правобранител апелира државата да имплементира соодветни законски мерки со кои ќе се обезбеди квалитетно информирање на граѓаните за нивните права и начинот на заштита при користењето на финансиските услуги и производи, како и адекватни механизми за институционална заштита и надзор на работењето на банките и другите финансиски институции.

Измените на Законот за финансиски друштва заглавени во Собранието

Измените на Законот за финансиски друштва кои, според Министерството за финансии кое се јавува како предлагач, се во насока на заштита на потрошувачите, се усвоени од страна на Владата при крајот на минатата година и испратени во собраниска процедура.

- Со измените на Законот за финансиските друштва кои се во насока на заштита на потрошувачите, се утврдува максималниот износ на сите трошоци поврзани со кредитот. Финансиското друштво нема да може да склучи договор за потрошувачки  кредит, ако трошоците кои не влегуваат во годишната стапка на вкупни трошоци (СВТ) надминуват 60 проценти. На овој начин трошоците кои во моментов не се ограничени и достигнуваат во некои случаи и по осум пати повеќе од главницата на кредитот, ќе се намалат драстично и ќе бидат најмногу колку што е главницата на кредитот. Односно за кредит од 9.000 денари, на една година, со измените максималниот трошок ќе биде 9.000 денари, односно корисникот ќе врати вкупно 18.000 денари, појаснуваат од Министерството за финансии во одговорот за МИА.

Законот, посочуваат од МФ, предвидува и други решенија со цел заштита на корисниците на услугите на финансиските друштва, како што се укинување на можноста за земање кредит за затварање на претходно доспеан кредит во исто финансиско друштво, укинување на можноста трговските друштва кои поседуваат дозвола или лиценца согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри да можат да бидат кредитни посредници на финансиско друштво, односно да нудат кредитни производи.

Според информациите од  веб страницата на Собранието, Предлог- измените примени се на 27 јануари и ќе се разгледаат во редовна постапка. Се уште се во прво читање, а треба да бидат разгледани од страна на Комисијата за европски прашања и на Законодавно-правната комисија. 

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на комисиите за надорешна политика, за одбрана и безбедност, за финансирање и буџет, како и Законодавно-правната комисија.

Во текот на март, МИА објави тема токму за овие брзи кеш кредити во која побара одговор од МФ за тоа колку контроли се извршени и дали има пријави за злоупотреби од страна на граѓаните. Податоците што тогаш ги добивме покажаа дека кај повеќе од половина од финансиските друштва во кои биле извршени контроли се констатирани неправилности. Така, биле извршени надзори кај 16 финансиски друштва при што кај 10 биле констатирани неправилности. На осум финансиски друштва им е изречена глоба во вкупен износ од 16.000 евра.

- Кај две финансиски друштва се изречени мерки-наредби за отстранување на неправилностите, а кај осум друштва кај кои се констатирани неправилности изречени се вкупно 13 глоби во вкупен износ од 16.000 евра и истовремено се изречени 20 мерки – наредби за отстранување на неправилностите, стоеше во одговорот од Министерството за финансии.

Глобите се изречени согласно Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.

Според податоците што се објавени во Предлог-измените на постојното законско решение, заклучно до 1 ноември 2022 година на финансискиот пазар активно работеле 33 финансиски друштва. Најголем дел од нив одобрувале потрошувачки кредити на физички лица. 

Граѓаните најчесто ги користат ваквите брзи кредити кога итно им се потребни пари за да покријат одредени трошоци. Кај дел од овие финансиски друштва може да се најдат и податоци кои покажуваат дека е бројот на одобрени апликации надминува над 200 илјади. 

Се нудат брзи кеш кредити, наменски кредити, кредити за рефинансирање, кредити за пензионери. Аплицирањето е со минимум документи, најчесто со лична карта, без жиранти и без докажување на приходи. Отплатата на кредитот е на повеќе рати кои може да се плаќаат директно во филијалите на овие финансиски друштва или преку комерцијалните банки. Дел од нив дури нудат можност и за одложување на рокот за отплата од неколку дена до еден месец. 

Билјана Анастасова-Костиќ

Фото: МИА архива

Остани поврзан