• вторник, 24 декември 2024

Кепа одлучно одбива да го напушти Челси и има намера да се бори за место во стартниот состав

Кепа одлучно одбива да го напушти Челси и има намера да се бори за место во стартниот состав
Лондон, 7 октомври 2020 (МИА) - Голманот на Челси и шпанската репрезентација, Кепа Арисабалага, изјави дека не планира да го напушти клубот и ќе продолжи да се бори за место во стартниот состав на „Стемфорд Бриџ“. Голманот направи неколку грешки минатата сезона, а тренерот Френк Лампард го остави неколку пати на клупата. Шпанскиот голман се врати како стартер за Челси оваа сезона, но неговата грешка против Ливерпул повторно го натера англискиот тренер наместо тоа да се потпре на резервата Вили Кабаљеро. Кепа ја коментираше ситуацијата со него во Западен Лондон додека тој беше дел од таборот на шпанската репрезентација. - Сè што можам да направам е да работам напорно. Ова е во мои раце. Јас веќе покажав што можам да направам, верувам во себе и ќе продолжам на ист начин. Најважно е да се остане смирен и фокусиран, бидејќи сите сакаат да играат, вклучително и јас. Минуваме низ такви периоди во текот на кариерата како фудбалери. Морам да продолжам да работам мирно, изјави Кепа Арисабалага за „Ел Транзистор“. Сепак, враќањето на Шпанецот во почетниот состав на Челси нема да биде лесно. Лондонскиот тим го привлекоа Едуард Менди од Рен, кој во моментов се чини дека е првиот избор на голот за Френк Лампард.

Тагови

Остани поврзан