• понеделник, 23 декември 2024

Кенија започна истрага за киднапирање на лидерот на опозицијата во Уганда

Кенија започна истрага за киднапирање на лидерот на опозицијата во Уганда

Најроби, 21 ноември 2024 (МИА) - Кениската влада започна истрага за околностите под кои лидерот на опозицијата во Уганда, Киза Бесиџи, долгогодишен критичар на претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, исчезна од Најроби и неколку дена подоцна се појави пред воениот суд во Уганда.

Бесиџи е уапсен во Уганда, каде е обвинет за нелегално поседување оружје.

Властите на Уганда ја негираат одговорноста за неговото наводно киднапирање и тврдат дека апсењата во странство биле извршени во соработка со земјите домаќини.

Сепак, Кенија започна официјална истрага, бидејќи Бесиџи, според информациите на Министерството за надворешни работи, бил насилно префрлен од Кенија во Уганда, што властите на таа земја го означиле како киднапирање.

Судот во Уганда тврди дека во моментот на апсењето во Најроби, Бесиџи имал пиштол и муниција во населбата Риверсајд, каде што наводно се обидувал да добие поддршка за активности кои би ја загрозиле безбедноста на војската на Уганда.

Неговата сопруга Вини Бјањима ги негираше обвинувањата, тврдејќи дека тој не поседувал оружје повеќе од 20 години и дека требало да му се суди пред цивилен, а не воен суд.

Како што пренесуваат агенциите, случајот предизвика сериозни критики во врска со почитувањето на човековите права во Кенија, особено по неодамнешната депортација на членовите на неговата партија, како и на неколку бегалци, што дополнително ги заострува меѓународните односи. паг/

Фото: МИА архива



Остани поврзан