• сабота, 23 ноември 2024

Кениската полиција уапси „сериски убиец“ кој признал дека убил 42 жени

Кениската полиција уапси „сериски убиец“ кој признал дека убил 42 жени

Најроби, 15 јули 2024 (МИА) - Кениската полиција денеска уапси „сериски убиец“ кој призна дека убил 42 жени, откако во депонија во Најроби беа пронајдени девет осакатени тела.

Колинс Џумаиси Халуша (33) е уапсен откако „признал дека намамил и убил 42 жени, а потоа ги фрлил нивните тела во депонија“, изјави претставник на полицијата на прес-конференција.

Осомничениот, бил пронајден по анализа на мобилниот телефон на една од жртвите, бил уапсен пред кафеана, каде дошол да го гледа финалето на Европското фудбалско првенство.

Во моментот на апсењето подготвувал уште едно убиство. паг/

Фото: ЕПА
 

 
 
 

 

 

Остани поврзан