Кенеди Џуниор: ЦИА со изградбата на база само ги влоши работите во Украина
- Независниот американски претседателски кандидат Роберт Кенеди Џуниор денеска изјави дека Централната разузнавачка агенција (ЦИА) само ги влошува работите со изградбата на бази во Украина долж границата со Русија
Вашингтон, 26 февруари 2024 (МИА) – Независниот американски претседателски кандидат Роберт Кенеди Џуниор денеска изјави дека Централната разузнавачка агенција (ЦИА) само ги влошува работите со изградбата на бази во Украина долж границата со Русија.
- Со целото собирање разузнавачки информации и новообучените оперативци, ЦИА не можеше да го смири конфликтот меѓу Украина и Русија. Всушност, ЦИА се чини дека само ги влоши работите, напиша Кенеди на социјалната мрежа Икс.
Тој, повикувајќи се на откритиео на Њујорк тајмс, изјави дека ЦИА градела шпионски бази во Украина долж руската граница, почнувајќи од 2014 година.
- Како би реагирале САД доколку Русија или Кина градат шпионски бази на американско-мексиканската граница, прашува Кенеди.
Њујорк тајмс денеска објави дека ЦИА има повеќе од 12 тајни бази во Украина, долж границата со Русија. ми/
фото: Википедија