• понеделник, 23 декември 2024

Кемал Киличдароглу по поразот на претседателските избори во Турција: Борбата продолжува

Кемал Киличдароглу по поразот на претседателските избори во Турција: Борбата продолжува

Анкара, 28 мај 2023 (МИА) - Кандидатот за претседател на турската опозиција Кемал Киличдароглу по поразот на изборите најави дека „борбата продолжува“.

- Не можев да ги бранам вашите права, рече тој во обраќањето од партиското седиште. - Не побегнав од неправеден систем. Не можев да молчам против тоа милиони луѓе да станат граѓани од втор ред во оваа земја. Не можев да дозволам да ги прекршат вашите права, децата да ви одат во кревет гладни. Земјоделците да не можат да произведуваат. Не можев да ги дозволам работи, потенцираше Киличдароглу.

Тој вели дека ќе продолжи да се бори за одбрана на правата на Турција, а потоа особено им се заблагодари на „жените и младите“. - Тие се вистински херои, истакна опозиционерот.

- Желбата на луѓето да поддржат авторитарен режим излезе на виделина. Тоа ќе продолжи да биде дел од нашата приказна, додаде тој.

На крајот им се заблагодари на 25-те милиони луѓе кои гласаа за него и порача дека „битката продолжува“. ссм/

 

Остани поврзан