• сабота, 31 август 2024

Кедира одбива да го раскине договорот со Јувентус

Кедира одбива да го раскине договорот со Јувентус
Торино, 3 октомври 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Јувентус, Сами Кедира ја одби понудата на клубот за рано раскинување на договорот. 33-годишниот играч за врска не се согласи да добие 3 милиони евра, што е еднакво на половина од неговата годишна плата, тврди „Газета дело Спорт“. Кедира, светски шампион во германската репрезентација за 2014 година, има помалку од една година од договорот со Јувентус. Тој беше дел од пет од деветте последователни титули што „старата дама“ ги освои од 2012 година. Јувентус се надева дека ќе го реши случајот со Кедира пред затворањето на преодниот рок во понеделник, бидејќи не спаѓа во плановите на новиот тренер Андреа Пирло.

Тагови

Остани поврзан