• недела, 22 декември 2024

Кевин Костнер: Џуел е убава, но е само пријателка

Кевин Костнер: Џуел е убава, но е само пријателка

Лос Анџелес, 20 јyни 2024 (МИА) - Глумецот Кевин Костнер неодамна ги расчисти гласините за нова врска. Имено, по речиси седум месеци од првите медиумски „трачеви“ дека тој и пејачката Џуел се во врска, американскиот актер завчера, во Радиоемисијата на Хауард Стерн го претстави својот претстоен филм, говореше и за односите со поп-фолк ѕвездата.

- Не, Џуел и јас сме пријатели. Никогаш не сме се забавувале. Таа е посебна и не сакам овие гласини да ни го уништат пријателството, бидејќи тоа е она што го имаме. Таа е посебна за мене. Доволно е убава за да бидам со неа, појасни Костнер.

Инаку, гласините за нивната врска почнаа кога беа снимени во интимна прегратка за време на неговиот одмор на Карибите во ноември лани. Но, Костнер тврди дека таму го поканил пријател, а Џуел била таму заради некој свој проект.

За потсетување, Костнер во септември се разведе од сопругата Кристин Баумгартнер. Според извори блиски до поранешната двојка, Баумгартнер веднаш по разводот почнала врска со пријателот и сосед на Костнер, Џош Конор.

Костнер, инаку, годинава е актуелен со филмот „Хоризонт: Американска сага - Прво поглавје“ (Horizon: An American Saga - Chapter 1).  си/

Фото: Википедија, МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан