• вторник, 18 февруари 2025

Каја Калас повика утре на состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ со фокус на САД и на Украина

Каја Калас повика утре на состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ со фокус на САД и на Украина

Минхен, 15 февруари 2025 (МИА) – Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Каја Калас, ги повика министрите за надворешни работи на Унијата да се сретнат утре на маргините на Минхенската безбедносна конференција за да разговараат за односите со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и војната во Украина.

„Целта на состанокот ќе биде размена на информации и преглед на последните контакти со претставниците на администрациите на САД и Украина на Минхенската безбедносна конференција“, се наведува во поканата за средбата, во која имале увид западни медиуми.

Потегот на високата претставничка на ЕУ беше поттикнат од телефонскиот разговор на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин оваа недела и неодамнешните изјави на претставници на Стејт департментот за Украина, изјави неименуван претставник на ЕУ. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан