Каја Калас допатува во Србија
- Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, вечерва на аеродромот „Никола Тесла“ ја пречека високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

Белград, 21 мај 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, вечерва на аеродромот „Никола Тесла“ ја пречека високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.
На приемот присуствуваа и шефот на делегацијата на Европската унија во Србија, амбасадорот Емануеле Жиофре, специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, и шефот на мисијата на Србија во ЕУ, Даниел Апостоловиќ, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.
Во Белград, Калас ќе се сретне со претставници на властите, опозицијата, како и со студенти и граѓанско општество, додека в четврток ќе одржи сама прес-конференција. зш/
фото МНР/Србија