• сабота, 23 ноември 2024

Кацарска: Загрижува оценката дека нема напредок во Поглавјето 23 од кое зависи и динамиката на преговорите

Кацарска: Загрижува оценката дека нема напредок во Поглавјето 23 од кое зависи и динамиката на преговорите

Скопје, 10 ноември 2023 (МИА) - Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија за 2023 година во однос на претходната година покажува дека оценката за подготвеноста за преземање на обврските од членството е повисока само во едно поглавје, а тоа е економската и монетарната политика. Тоа што загрижува е оценката дека нема напредок во правосудството и борбата против корупцијата - двете клучни подрачја на Поглавјето 23 кое е дел од Кластерот „Темели“ од кои зависи динамиката на преговорите и кој се отвора прв и се затвора на крајот на преговорите. 

Како што истакна на денешната прес-конференција, претседателката на Институтот за европска политика (ЕПИ) на која ја презентира нивната анализа на Извештајот на Европската комисија за 2023 година насловена „Разнишани темели“, оценките за напредокот се послаби од минатата година, па место „одреден напредок“, доминантна оценка е немање напредок или „ограничен“ напредок. 

Според неа, клучните аспекти на овогодинешниот Пакет за проширување на ЕК, беа новите извештаи за Украина, Молдавија и Грузија, односно препораките за почетокот на преговорите со првите две и кандидатскиот статус на Грузија, а  во контекст на Западен Балкана најмногу фокус беше ставен на Планот за раст. 

-Поткревање на оценката за подготвеноста Комисијата не дава лесно. Таа е доста конзервативна во контекст на подигање на оваа оценка. Минатата година само за споредба, тоа беше поглавјето заедничка надворешна и безбедносна политика. Минатата годна имавме таму поместување кога се усогласивме со надворешната политика на ЕУ. Оваа годна имаме нешто помало, но сепак поместување во економската и монтерната политика. Немате ни во останатите земји драматични поместувања во усогласеноста, меѓутоа веројатно и прашањето е дали ние како земја кандидат која толку долго е во процесот, можеби сме достигнале некое ниво после кое е тешко да се оди без преговори, вели Кацарска. 

Во однос на останатите кандидати кои сега се десет, од аспект на усогласеноста, односно подготвеноста да ги преземаме обврските за членство, вели таа, стоиме многу добро, споредбено со Србија и Црна Гора во областа на основите односно Темелите, некаде и подобро од нив.

-Таа генерална оценка ни е се уште висока, меѓутоа оценките за напредокот во изминатата година се послаби од тоа што беше случајот минатата годна, па и од претходната. Тоа што не загрижува е оценката дека нема напредок во правосудството и борбата против корупцијата.  Ова се две клучни подрачја на поглавјето 23 кое пак е дел од целиот кластер на темели од кои зависи динамиката на преговорите кој се отвора прв и се затвора до крајот на преговорите. Овие заклучоци всушност се загрижувачки за нас. Треба на оваа оценка да се работи, бидејќи не е добро да се повтори неколку години. Меѓутоа она што нас не загрижува е дека онаа општа подготвеноста, таа висока подготвеност, аргументот којшто го користи државата којшто го користиме ние како поддржувачи на нашите преговори, веројатно е на послаби нозе, односно на послаба основа, на послаби темели доколку немате напредок во правосудството и борбата против корупцијата и затоа и насловот на оваа анализа е Разнишани темели. Од друга страна Планот за раст којшто го објави Комисијата, има и своја форма на условеност,  очекуваме дека ќе биде условен и со владеењето на правото поради што треба дополнително да обрнеме внимание таму, вели Кацарска. 

Во кластерот Темели, нагласува таа загрижува и политичката поларизација и Собранието, како и немањето напредок во однос на изборните реформи, што е особено значајно, бидејќи следната година не очекуваат избори.  

Во однос на Поглавјето 23, Извештајот на ЕК во делот на човековите права ја нотира состојбата во затворите, која се опишува како страшна и веројатно е нешто што на кое што властите треба да работат.  Во Поглавјето 24 кое се бави со правда, слобода и безбедност, Кацарска посочува дека традиционално државава стои добро, постои напредок и посочи на потпишувањето на Договорот со Фронтекст, минатата година. 

Инаку, трите поглавја од овој извештај во којшто имаме добар напредок се статистика, слободно движење на капитал и надворешна и безбедносна политика. 

Стефан Ристовски во однос на вториот кластер - внатрешен пазар истакна дека е важно како напредуваме поради Планот за раст на Западен Балкан бидејќи ќе има поврзаност или условеност со напредокот во реализацијата на заедничкиот регионален пазар. Така што ќе биде важно како напредуваме и како ги исполнуваме обврските не само кон ЕУ, вели тој, туку и обврските коишто ги имаме преземено во однос на интеграција со пазарите од регионот. 

-Што се однесува на овој кластер увидовме дека веројатно клучната порака е дека нема промена во однос на деветте поглавја. Имаме позитивно придвижување во поглавјето слободно движење на стоките што е забележан напредок за разлика од претходните години. Меѓутоа од друга страна е загрижувачки тоа што поглавјето слободно движење на работници е во се уште рана фаза и таму се очекува либерализаицја на пазарот на трудот. Тоа ги вклучува и граѓаните на ЕУ, рече Ристовски.

На новинарско прашање Кацарска истакна дека во однос на Планот за раст ќе треба земјите да подготват свои реформски планови.

-Самиот План за раст  ќе има посебни реформски планови кои земјите кандидати ќе треба да ги подготват па ќе биде многу важно и да се синхронизираат меѓутоа и да утврдиме каде би можеле да имаме бенефит и каде нашата економија би имала кориост одф тоа заедно со делот на Темелите каде што е неспорно дека мора да биде во преден план, рече Кацарска. вг/аа/

Фото: МИА

 

  

Остани поврзан