• вторник, 24 декември 2024

Католичката црква во Шпанија исплатила милиони евра отштета на жртвите на злоставувањата

Католичката црква во Шпанија исплатила милиони евра отштета на жртвите на злоставувањата

Мадрид, 8 април 2024 (МИА) - Шпанската католичка црква исплатила милиони евра отштета на жртвите во 806 случаи на сексуално злоставување извршени од свештеници педофили, пишува во таен црковен извештај што го објави шпанскиот весник „Ел Паис“.

Во извештајот што го објави „кртот“ од Епископската конференција, Алфредо Дањино, се исклучени над 300 веќе познати случаи, а за вкупно 806 се исплатени суми од 675 до 72.000 евра, во просек околу 10.000.

Ова се нови податоци, поради што се уште не е позната вкупната сума на исплатените пари.

Според претходните податоци од базата на податоци „Ел Паис“, шпанската католичка црква платила најмалку 2,1 милиони евра на 230 жртви на злоставување извршени од 53 свештеници педофили на таа црква од 1991 година, што е 8,8 отсто од вкупно 2.608 жртви во базата на весникот. Овој „сеопфатен план за репарации“ вклучува случаи кои црквата ги смета за докажани, а според „Ел Паис“ ова е случај за една од десет жртви. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан