• сабота, 23 ноември 2024

Катица Јанева добила дозвола за работен ангажман преку ден, попладне се враќа во „Идризово“

Катица Јанева добила дозвола за работен ангажман преку ден, попладне се враќа во „Идризово“

Скопје, 12 февруари 2024 (МИА) – Поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) Катица Јанева е работно ангажирана надвор од затворот „Идризово“. Таа е вработена во адвокатската канцеларија на нејзиниот син, адвокатот Лазар Јанев. 

Од Управата за извршување на санкции за МИА потврдуваат дека Јанева добила дозвола за работен ангажман.

Јанева, која има издржано пет од вкупно седумгодишната затворска казна за случајот „Рекет“, според условите наутро излегува од Идризово, а по завршување на работниот ден, мора да се врати во затворската ќелија.

Адвокатот Лазар Јанев, во изјава за Сител вели дека Јанева работи на прием и заведување докуметни, се грижи и за нивна класификација.

- Таа во мојата канцеларија е ангажирана за архивско и канцелариско работење, со тоа што ми помага во обврските кои се поврзани со работењето на канцеларијата, изјавил Јанев.

Јанева во јуни 2020 година беше осудена за злоупотреба на службената положба и овластување на седумгодишна затворска казна во случајот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски кој доби казна затвор од девет години. аа/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан