• четврток, 26 декември 2024

Катедра Аденауер 2022: „Безбедност, трговија и меѓунодно право - можно влијание од руската агресија врз Украина“

Катедра Аденауер 2022: „Безбедност, трговија и меѓунодно право - можно влијание од руската агресија врз Украина“
Скопје, 13 април 2022 (МИА) -  Влијанијата од руската инвазија на Украина врз меѓународната безбедност, улогата и моќта на меѓународното право, како и финансиско-економските трендови во Европа и во светот ќе бидат тема на хибридниот настан „Катедра Аденауер 2022: Безбедност, трговија и меѓународно право - можно влијание од руската агресија врз Украина“, што ќе се одржи денеска на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Настанот, како што најавуваат организаторите, ќе го отворат официјалениот претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“,  Даниел Браун,  претставникот од  Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“, Димитар Лилков, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, деканката на Правниот факултет во Штип, Олга Кошевалиска и  претседателот на Институтот за општествени истражувања, Васко Наумовски, кој ќе биде и модератор на панел-дискусијата. Катедра Аденауер, како што е најавено, претставува научно-образовна платформа на која студенти, експерти и претставници на академската заедница дискутираат и ги споделуваат своите гледишта околу актуелни теми кои се однесуваат на влијанијата од руската инвазија на Украина врз меѓународната безбедност, улогата и моќта на меѓународното право, како и финансиско-економските трендови во Европа и во светот. сан/аа/

Остани поврзан