• сабота, 12 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Катастар донираше опрема за Одделенијата за офталмологија и за патологија при Општата болница Охрид

Катастар донираше опрема за Одделенијата за офталмологија и за патологија при Општата болница Охрид

Охрид, 16 април 2025 (МИА) – Преку донација на средства од Агенцијата за катастар на недвижности на Македонија обезбедена е опрема за потребите на Одделенијата за офталмологија и патологија при Општатата болница во Охрид.

Станува збор за донација во вредност од 6,8 милиони денари, за брза и ефикасна дијагностика согласно современите стандарди во офтамолошката област на медицината, како и за патолошка дијагностика.

Директорот на Општата болница Охрид, Горан Маркоски, на денешната презентација на донираната опрема посочи дека набавен е апарат за оптичка кохерентна томографија.

- Тој апарат претставува основна алатка во современата офталмологија, основна дијагностичка алатка. Придобивката за пациентите и за граѓаните на нашата општина е голема, имајќи предвид дека од 10 до 20 пациенти дневно биле препраќани по приватни институции и ординации за оваа дијагностичка метода, рече тој

Донацијата опфаќа и набавка на нова опрема за потребите на лабораторијата за патолошка анатомија, при што се обезбедени автоматизиран ткивен процесор од затворен тип, ротационен полуавтомтски микротом, водена бања и калапер со топло-ладна плоча.

- Со оваа опрема нашето Одделение за патолошка анатомија ќе ги сервисира препаратите како од нашата така и од околните здравствени установи, зошто тоа е единствена лабораторија од тој тип во Југозападниот регион. Ќе вршиме сервисирање на материјали како од државните, така и од приватните институции во регионот, рече Марковски.

Придобивка од новата опрема ќе биде и скратувањето на времетраењето на добивањето резултати од земените метеријали, што некогаш можат да бидат од витално значење особено ако резултатот упатува на малигно заболување.

- Во минатото се чекаше и по 30 и повеќе дена за резултати, сега значително ќе се скрати времето, до седум дена. Од друга страна има и економска придобивка бидејќи ќе сервисираме услуги за другите институции. Ќе биде и помало оптоварувањето за пациенти кои се одлучуваат да ги пратат материјалите во приватни лаборатории, бидејќи сега ќе бидат задолжени само по основ на партиципација, истакна директорот Маркоски.аб/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан