• четврток, 04 декември 2025

Катар домаќин завршницата на Интерконтиненталниот куп

Катар домаќин завршницата на Интерконтиненталниот куп


Цирих, 28 септември 2025 (МИА) – Катар втора година по ред ќе биде домаќин на последните три натпревари од Интерконтиненталниот куп закажани за во декември, објави денеска ФИФА.
Во новиот формат на натпреварувањето, воведен минатата година, актуелниот европски првак ПСЖ директно се квалификуваше во финалето, во кое ќе го чекаат ривалот од плејофот меѓу другите континентални шампиони.
Противникот на францускиот клуб ќе биде познат на 13 декември, по финалниот бараж наречен „Челенџер куп“, во кој ќе се сретнат африканскиот првак, Пирамидс од Египет и победникот од плејофот меѓу Круз Азул и освојувачот на јужноамериканскиот Копа Либертадорес.
Лани Интерконтиненталниот куп го освои Реал Мадрид, совладувајќи ја во финалето мексиканска Пачука со 3:0. ег
ФОТО: Икс

Остани поврзан