• вторник, 17 декември 2024

Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид

Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид
Барселона, 27 септември 2022 (МИА) – Каталонија ќе иницира нов договор со шпанската влада за одржување правно обврзувачки референдум за потенцијална независност на регионот што би бил признаен и од Шпанија и од меѓународната заедница, изјави денеска каталонскиот лидер Пере Арагонес. Шефот на каталонската влада во регионалниот парламент изјави дека на Каталонија и е потребна согласност од Мадрид за уште еден референдум. – Не се сомневам дека тоа е најбрзиот и најефикасен начин да се одржи уште едно гласање, имајќи ги предвид лекциите од 2017 година и тешкотиите што не ни дозволија да го спроведеме резултатот од пред пет години, посочи тој. Арагонес го нарече неговиот предлог „најинклузивен, најдемократски и најобјаснив за меѓународната заедница“ и рече дека ќе побара поддршка од сите политички актери во Каталонија. Шпанската влада го отфрли предлогот. - Тие ги имаат тие максималистички аспирации, кои владата апсолутно не ги дели, рече владината портпаролка Изабел Родригез, додавајќи дека двете страни продолжиле да разговараат за нормализација на нивните односи. јт/

Остани поврзан