Касами: Тетово ќе биде пример за соживот и меѓуетничка хармонија
- Во Општина Тетово денеска се одржа седница на Општинскиот совет за превенција, на која беа избрани членовите на Локалниот совет за превенција, информираше Канцеларија за комуникации и односи со јавноста.
Тетово, 18 септември 2025 (МИА) - Во Општина Тетово денеска се одржа седница на Општинскиот совет за превенција, на која беа избрани членовите на Локалниот совет за превенција, информираше Канцеларија за комуникации и односи со јавноста.
На овој состанок присуствувале претставници од државните институции, верските заедници и други релевантни организации.
Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, во своето обраќање потенцирал дека овој совет е клучен за превенција на појави кои ја загрозуваат општествената кохезија.
-Како град и како мултиетничка и мултиконфесионална држава, имаме обврска да испраќаме обединувачки пораки и да ја зајакнеме културата на соживот. Само на тој начин ќе обезбедиме стабилност и посигурна иднина за нашите граѓани, истакнал Касами.
Според Касами, Општина Тетово е во тесна соработка со полицијата, обвинителството, социјалните центри, училиштата и верските лидери со цел - конкретни чекори за граѓаните да живеат во мир, хармонија и заемна почит.
-Нашиот заеднички ангажман е гаранција дека граѓаните на Тетово ќе се чувствуваат заштитени, почитувани и еднакви, без разлика на нивната етничка или верска припадност. Само преку соработка можеме да изградиме поправедно и посилно општество, нагласил градоначалникот Касами. ас/мд/
фото: Општина Тетово