• сабота, 23 ноември 2024

Касами - Бомгартнер: Единствениот пат за Северна Македонија е ЕУ

Касами - Бомгартнер: Единствениот пат за Северна Македонија е ЕУ

Скопје, 8 ноември 2021 (МИА) - Локалните избори и политичката ситуација создадена последниве денови се дел од темите на кои е разговарано на денешната средба на претседателот на Движењето Беса Биљал Касами и партискиот генерален секретар Арјанит Хоџа со францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер.

Од прес-служба на Беса информираат дека на средбата бил повторен партискиот став дека земјата никако не треба да го менува својот политички дискурс наспроти интегративните процеси и во исто време постојано да работи за доброто на државата.
- Како политичка партија ја изразивме нашата загриженост да не се прекрши пресудата што ја донесе народот на 17 октомври и 31 октомври. Со господинот Бомгартнер разговаравме и за политичката ситуација создадена во последните денови. Го повторивме нашиот став дека земјата никогаш не треба да го менува својот политички дискурс наспроти интегративните процеси и во исто време постојано да работи за доброто на земјата. Амбасадорот на Франција го поздрави ставот на Движењето БЕСА, нагласувајќи дека единствениот пат за Северна Македонија е ЕУ,  се вели во партиското соопштение.
Од Движењето Беса посочуваат дека и страните се договориле и во иднина да одржуваат вакви пријателски средби. фф/сп/

Остани поврзан