Картум трет ден по ред напаѓан со дронови
- Аеродромот во главниот град, што беше затворен две години и требаше вчера повторно да се отвори, од вторникот е цел на напади со беспилотни летала што им се припишуваат на паравоените Сили за брза поддршка – РСФ (RSF), кои се борат против армијата од април 2023 година.
Картум, 23 октомври 2025 (МИА) - Суданскиот главен град Картум и неговиот аеродром, што се контролирани од редовната армија, денеска повторно, трет ден по ред, беа цел на напад со дронови, јавија француските меидуми, повикувајќи се на сведоци.
Аеродромот во главниот град, што беше затворен две години и требаше вчера повторно да се отвори, од вторникот е цел на напади со беспилотни летала што им се припишуваат на паравоените Сили за брза поддршка – РСФ (RSF), кои се борат против армијата од април 2023 година.
Неговото повторно отворање, што беше закажано за вчера, е одложено „до следното известување“, изјавија аеродромските власти.
Иако изминатата пролет регуларната армија ја поврати контролата врз Картум, градот останува сериозно уништен, обележан со постојани прекини на електричната енергија и напади со беспилотни летала од страна на РСФ.
Во последните 10 месеци над еден милион раселени лица се вратија во своите домови во Картум, соопшти Меѓународната организација за миграција на ОН.
Во последните недели, владата работеше на враќање на услугите, вклучително и на аеродромот, и на преместување на клучните институции од Порт Судан, пристаниште на Црвеното Море кое стана де факто главен град откако започна војната.
Во тригодишната граѓанска година војна во Судан досега загинаа десетици илјади лица, расели се речиси 12 милиони, а земјата се соочува со тоа што ОН го нарекува „најлошата хуманитарна криза во светот“.сд/
фото:МИА архива