• петок, 22 ноември 2024

Карпош дел од проектот за родово одговорно буџетирање на UN WOMEN

Карпош дел од проектот за родово одговорно буџетирање на UN WOMEN
Скопје, 17 мај 2021 (МИА) - Општина Карпош е една од десетте нови општини кои ќе влезат во проектот на UN Women – Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените за промоција на родово одговорни политики и буџетирање: Кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија. Ова денеска го најавија претставничките на UN Women Ивона Паунович Бишевац и Кристина Плечиќ Беќарова на работна средба со градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев. Во таа насока, информираат од општинската прес-служба, тие ја најавија и првата практична обука за лица од локалната самоуправа кои работат на оваа проблематика, која би се одржала во втората половина на јуни. Исто така, од општината соопштија дека UN Women - Тело на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените, наскоро ќе склучи и меморандум за соработка со Општина Карпош, со што ќе се официјализира и натамошната работа на локалната самоуправа на унапредување во оваа сфера на делување, притоа, потпомогната со експертска поддршка од ова афилијација. - Главна цел на проектот е да се подобри животот на жените и мажите, како и на најранливите групи преку систематска и одржлива интеграција на родовата перспектива во сите фази на креирање политики и буџетирање, се вели во соопштението.фф/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан