Карпошани ќе добијат Младински и ресурсен центар
- Советот на Општина Карпош заседаваше по осми пат, каде советниците разгледуваа 23 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока поддршка доби Одлуката со која Општина Карпош отстапува дел од спортската сала „Партизан“ која е во нејзино владеење, на времено користење од 3 години без надоместок, за намена Младински центар – Карпош. Оттука, Општината во претстојниот период ќе распише јавен повик за избор на младинска организација, која ќе раководи со младинскиот центар. На тој начин локалната самоуправа ќе овозможи простор со големина од 270 м2 за младите лица на возраст од 15 до 29 години, каде ќе се јакнат нивните индивидуалните вештини за вработување, преку организирање на креативни работилници и други техники за унапредување на формалното и неформалното образование, се наведува во соопштението од Општина Карпош, што МИА го објавува во интегрална форма.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.