• понеделник, 23 декември 2024

Кари и Дурaнт играчи на неделата во НБА

Кари и Дурaнт играчи на неделата во НБА
Њујорк, 15 ноември 2021 (МИА) – Кошаркарот на Голден стејт, Стеф Кари и членот на  Бруклин, Кевин Дурант, се прогласени за најдобри играчи во четвртата недела од регуларната сезона 2021/22. Кари во четири натпревари за Вориорс има просек од 34,8 поени, 7,8 асистенции и 5,5 скока по натпревар. Калифорнијците постигнаа резултат 3-1 (победи-порази) минатата недела и продолжуваат да водат на првенствената табела. Бруклин ја заврши седмицата ист биланс (3-1). Статистиката на Дурент во изминатите седум дена е 32,3 поени и 7,8 скока по средба со 62,9 отсто од поле. зс/

Остани поврзан