• вторник, 24 декември 2024

Карипските нации: Време е кралот Чарлс да се извини за вмешаноста на неговите предци во трговијата со робови

Карипските нации: Време е кралот Чарлс да се извини за вмешаноста на неговите предци во трговијата со робови

Лондон, 5 март 2024 (МИА) - Карибите веруваат дека сега е време британскиот крал Чарлс да се извини за вмешаноста на неговите предци во трговијата со робови и да плати репарации.

Во последниве години, Карипското движење за репарации се засили, предводено од Карипската комисија за репарации, која ја сочинуваат 20 нации и држави.

Потпретседателот на Комисијата, Ерик Филипс изјави за британската телевизија дека „кралот има можност, не само да се извини, туку и да има време да создаде архитектура на промени и преговори, што би можело да ги подобри работите“.

Членовите на кралското семејство не молчат за ропството, но престанале да се извинуваат.

-Не можам да ја опишам длабочината на мојата лична тага поради страдањето на толку многу луѓе, бидејќи продолжувам да го продлабочувам сопственото разбирање за трајното влијание на ропството, рече кралот Чарлс пред лидерите на Комонвелтот минатата година.

Принцот Вилијам се осврна на ова прашање во говор за време на посетата на Јамајка во 2022 година со внимателно избрани зборови.

-Ропството беше омраза и никогаш не требаше да се случи, рече тој тогаш.

Кралот Чарлс нема да биде првиот европски монарх што ќе се извини за вмешаноста на неговите предци во трговијата со робови.

Холандскиот крал Вилем-Александер минатото лето се извини за вмешаноста на неговата земја во ропство.

Ова извинување е причината зошто многумина веруваат дека кралот Чарлс може да го стори истото. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан