Карвахал: Можно е да штрајкуваме поради густиот натпреварувачки календар
- Шпанскиот фудбалер Даниел Карвахал смета дека е можен штрајк на фудбалерите поради многуте натпревари.

Мадрид, 19 септември 2024 (МИА) - Шпанскиот фудбалер Даниел Карвахал смета дека е можен штрајк на фудбалерите поради многуте натпревари.
- Блиску сме до штрајк. 70-80 натпревари по сезона е веќе премногу. Ако луѓето сакаат да го гледаат најдобриот фудбал, треба да се одмориме. За нас фудбалерите, штрајкот е сосема можен. Мислењата на играчите не се земаат предвид. Треба да го кренеме гласот, изјави дефанзивецот на Реал Мадрид и Шпанија.
Претходно, и фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити и Шпанија, Родри призна дека играчите ќе штрајкуваат поради густиот календар.
Изминатите години на пренатрупаниот натпреварувачки календар се жалеа тренери екипи од најсилните лиги во Европа. зс/
Фото: ЕПА