• понеделник, 23 декември 2024

Карванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ ги посети Центар и Аеродром

Карванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ ги посети Центар и Аеродром

Скопје, 12 мај 2023 (МИА) - Тимови на СДСМ, во рамки на карванот „Рамо до рамо до победа“, денеска имаа средби со граѓани во скопски општини. Во Центар беа Мелиса Ценовска-Серафимовска, член на  Извршниот одбор на партијата, и Оливер Спасовски, кој истакна дека благодарение на политиките на  СДСМ денес сме земја членка на НАТО и земја преговарач со ЕУ.

-Држава фактор на стабилност на Балканот, држава која успешно се справува со сите глобални кризи и предизвици. Успеавме во ек на најголема светска економска криза да ја задржиме економската стабилност, македонската економија да ја направиме конкурентна и атрактивна. Доказ за тоа се и рекордните странски инвестиции, постојаниот раст на платите и пензиите, истакна Спасовски во Центар и порача дека нивниот градоначалникот во таа општина, Горан Герасимовски, е пример за тоа како се работи чесно и одговорно во интерес на граѓаните.

Како што информира СДСМ, меѓу граѓаните на општина Аеродром беа Јовица Стојановиќ и претседателката на Надзорниот одбор на СДСМ, Викторија Аврамовска-Мадиќ, која ја критикуваше опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници.

-Општина Аеродром и Град Скопје се показна вежба што значи ВМРО-ДПМНЕ да е на власт. Оваа партија, само поради неспособност и поради лични и бизнис-интереси, успеа да ги задолжи најбогатите единици на локалната самоуправа иако пред само година и половина наследи полни буџетски каси. Арсовска и Муцунски се исти. Наместо решенија, реализирани проекти што ги ветуваа, донесоа само уназадување, долгови и полоши услуги за граѓаните, рече Аврамовска-Мадиќ. хс/нд/

Фото: СДСМ

 

Остани поврзан