• сабота, 06 декември 2025

Карбинци го одбележува патрониот празник Спасовден

Карбинци го одбележува патрониот празник Спасовден

Карбинци, 29 мај 2025 (МИА) - Со свечена седница на Советот на Општина Штип  од изутрината официјално започна прославувањето на празникот Вознесение Христово-Спасовден.  Градоначалникот на Општина Штип, Виктор Паунов на денешната прес-конференција рече дека општината слави два празника патронот Спасовден, како и 29 години од своето постоење. Вечер во Карбинци настапуваат три големи имиња – Диези бенд, Јордан Митев и српскиот Амадеус бенд. Очекувањата се добра забава, висока енергија и атмосфера за паметење.

-Она што ќе следи е во текот на вчерните часови, оној најавен концерт, кој што ќе започне во 19:30 на локација на стадниот во Карбинци и потоа до полноќ ќе имаме можност да го проследиме во неколку различни верзии, односно ќе имаме множност да проследиме три концерти на изведувачите Диези бенд, Јордан Митев и на крај гостите од Србија, а тоа се Амадеус бенд. Тие ќе имаат можност да ја развеселат, односно публиката да ужива во звуците за музиката, изјави Паунов 

Секоја година општината има богата Програма за посетителите и за жителите, а вечерва се очекуваат околу пет илјади гости. вдј/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан