• среда, 25 декември 2024

Карасин: Околу 700.000 деца од зоната на судири во Украина сега се во Русија

Карасин: Околу 700.000 деца од зоната на судири во Украина сега се во Русија

Москва, 3 јули 2023 (МИА) – Русија префрлила околу 700.000 деца од зоните на конфликти во Украина на руска територија, изјави синоќа Григориј Карасин, шеф на меѓународниот комитет во Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот Парламент.

„Во последните години 700.000 деца најдоа засолниште кај нас, бегајќи од бомбардирањето и гранатирањето од зоните на конфликти во Украина“, напиша Карасин на својот канал Телеграм.

Русија тврди дека носењето деца од Украина е за заштита на сирачињата и напуштените деца во зоната на конфликтот

Русија на 24 февруари 2022 година ја почна масивната инвазија врз  Украина. 

Москва наведува дека целта на нејзината програма да донесе деца од Украина на руска територија е да ги заштити сирачињата и напуштените деца во зоната на конфликтот.

Украина, меѓутоа, наведува дека многу деца биле нелегално депортирани, а САД сметаат дека илјадници деца биле насилно одземени од нивните домови.

САД и Украина зборуваат за нелегална депортација на деца

Поголемиот дел од движењето на луѓе и деца се случи во првите неколку месеци од војната и пред Украина да ја почне својата голема контраофанзива кон крајот на август за да ги врати окупираните територии на исток и југ.

САД во јули 2022 година проценија дека Русија насилно депортирала 260.000 деца, додека Министерството за интеграција на окупираните територии на Украина вели дека 19.492 украински деца во моментов се сметаат за нелегално депортирани. сд/

Остани поврзан