• среда, 27 ноември 2024

Капсулата Спејсекс го транспортираше новиот екипаж до Меѓународната вселенска станица

Капсулата Спејсекс го транспортираше новиот екипаж до Меѓународната вселенска станица

Кејп Канаверал, 12 ноември 2021 (МИА) - Капсулата на компанијата „Спејсекс“ со четворица астронаути денеска пристигна на Меѓународната вселенска станица (МСС) каде што астронаутите ќе останат до пролет.

Капсулата патувала 21 час од Вселенскиот центар на НАСА до станицата.

Таа превезе еден германски и тројца американски астронаути кои реагираа емотивно кога првпат ја здогледаа меѓународната станица на далечина од 30 километри. „Тоа е прилично фантастична глетка“, рече Раџа Чари, командант на капсулата „Драгон“.

„Лебди во воздухот и свети како дијамант. Сите сме прилично возбудени“, изјави германскиот астронаут Матијас Мауер.

Целиот лет на капсулата „Драгон“ беше автоматизиран, а Чари и пилотот Том Маршберн ги следеа системите на капсулата подготвени да ја преземат контролата доколку е потребно. Тие слетаа на 423 километри над источниот дел на Карибите.

На вселенската станица ги пречекаа тројца астронаути наместо седум како што беше планирано.

Спејсекс врати четворица астронаути од Меѓународната станица во понеделникот, откако лансирањето на капсулата со новиот тим беше одложувано неколку пати.

Еден астронаут од американската вселенска агенција НАСА и двајца руски астронаути останаа во станицата. Новиот екипаж ќе ги помине следните шест месеци во вселенската станица и во тој период ќе биде домаќин на две групи туристи. паг/

Остани поврзан