• сабота, 23 ноември 2024

Капитенот на Арсенал наскоро се враќа на теренот, најави Артета

Капитенот на Арсенал наскоро се враќа на теренот, најави Артета

 

Лондон, 1 ноември 2024 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета денеска изјави дека капитенот Мартин Одегард е во завршна фаза од неговото опоравување од повредата на зглобот добиена при настапот во дресот на Норвешка на почетокот на септември во Лигата на нации.

Артета рече дека Одегард нема да игра против Њукасл в сабота во Премиер лигата, но не ја отфрли можноста да настапи на натпреварот од Лигата на шампиони против Интер во среда вечер во Милано.

„Ајде да видиме како може да се справи со болката и дали неговото движење е правилно. Физички е на потребното ниво за да се натпреварува“, рече Артета.

Тренерот на лондонскиот премиерлигаш додаде дека левиот бек Рикардо Калафиори ќе го пропушти натпреварот против Њукасл, но оти дефанзивецот Габриел ќе биде во игра за тимот доколку успешно го мине денешниот тренинг. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан