Кан понуди да го купи Бордо за 30 милиони евра
- Поранешниот германски голман Оливер Кан изјави денеска дека понудил 30 милиони евра за купување на шесткратниот француски првак Бордо, кој поради финансиски проблеми испадна во четвртата лига.

Бордо, 11 април 2025 (МИА) – Поранешниот германски голман Оливер Кан изјави денеска дека понудил 30 милиони евра за купување на шесткратниот француски првак Бордо, кој поради финансиски проблеми испадна во четвртата лига.
„Подолго време водиме интензивни преговори со сопствениците и акционерите за можен влез во клубот. Не е лесно, многу е сложено, но го направивме првиот чекор нудејќи 30 милиони евра“, изјави Кан за германскиот весник „Билд“.
Поранешниот голман на Баерн Минхен додаде дека со понудата е приложена со доказ за потеклото на средства.
„Целта е клубот да се врати во Лига 1 во наредните години, веруваме дека сме дел од решението и сигурен сум дека заедно можеме да го постигнеме тоа“, изјави легендарниот 55-годишен германски голман.
Во февруари, Кан, придружуван од неговиот деловен партнер, поранешниот претседател на Марсеј Жак-Анри Ајро, го посети Бордо и разговараше со локалните лидери.
На почетокот на март, актуелниот претседател на Бордо, Жерар Лопес, призна дека води преговори со Кан, но додаде дека сè уште „нема цврста понуда“. ег
ФОТО: Фејсбук