• сабота, 28 декември 2024

Кандидатот на Бајден за шеф на ЦИА: Кина претставува најголема закана за САД (ДПЛ)

Кандидатот на Бајден за шеф на ЦИА: Кина претставува најголема закана за САД (ДПЛ)
Вашингтон, 24 февруари 2021 (МИА) – Кина претставува најголема закана за САД, изјави денеска кандидатот на американскиот претседател Џо Бајден за директор на ЦИА, Вилијам Брнс, ветувајќи дека американската разузнавачка агенција ќе биде независна од политиката. - На сè покомплексната и поконкурентна политичка сцена, предаторскиот став на кинеската Влада претставува наш најголем геополитички предизвик, рече поранешниот дипломат за време на сослушувањето пред комитетот за разузнавање на Сенатот, кој треба да го потврди неговото назначување. - Како што истакна претседателот Бајден, предноста пред Кина е неопходна за нашата национална безбедност во наредните децении, рече 64-годишниот Брнс и додаде дека „тоа бара долгорочна стратегија, јасна и со поддршка на двете страни, со поддршка на домашните реформи и со сигурни разузнавачки информации“. Во интерес на Вашингтон и Пекинг е да работат заедно на климатските промени и неширење на нуклеарното оружје. Поранешниот втор човек на американската дипломатија предупреди дека „кинескиот режим систематски ги зајакнува своите капацитети за кражба на интелектуална сопственост, репресија на својот народ, малтретирање на соседите, проширување на својата моќ во светот и зајакнување на своето влијание во американското општество“. ЦИА во последните години беше мета на кинеските разузнавачи, кои врбуваа повеќе агенти и дипломати. Пред десет години, Пекинг успеа да ја прекине мрежата на доушници на американската разузнавачка агенција во Кина. Брнс истакна дека битката за технолошка надмоќ во областа на разузнавањето, вклучително и вештачката интелигенција, ќе биде клучен елемент на неговата мисија. Вилијамс Брнс ќе ја замени Џина Хаспел, првата жена на чело на ЦИА, чија кариера е нарушена од нејзината спорна улога во програмите за тортура по нападите на 11 септември 2001 година. јт/

Остани поврзан