• понеделник, 16 декември 2024

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Центар најави субвенционирање на изградба на покриви и лифтови

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Центар најави субвенционирање на изградба на покриви и лифтови
Скопје, 5 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Општина Центар на СДСМ и коалицијата, Горан Герасимовски заедно со вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз, Фатмир Битиќи, вечерва на средба со граѓаните најавија субвенционирање за изградба на покриви и лифтови во станбените објекти кај плоштадот „Плетенка“ близу улица „Македонија“. Герасимовски на средбата со граѓаните потсети дека во изминатиот период субвенционирани биле 54 објекти и дека овие инвестиции продолжуваат. - Покрај субвенциите за станбените објекти овде планираме и реконструкција на плочникот, зеленилото и детското игралиште. Да потсетам дека ОУ „Димитар Миладинов“ доби нова фасада и ќе добие реконструирани и училници, рече Герасимовски. Потенцира дека Општината не отстапува од правната битка со „Никофон“ која ја водат заедно со ПОЦ за враќање на земјиштето каде се планира изградба на паркинг, а најави и зачестени контроли за решавање на проблемот поврзан со гласната музика на ресторанот „Рагуза“. свс/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан