• петок, 05 декември 2025

Кандидатот за градоначалник на Делчево, Гоцевски на средба со пензионери во Делчево

Кандидатот за градоначалник на Делчево, Гоцевски на средба со пензионери во Делчево

Делчево, 2 октомври 2025 (МИА) - Во Граѓанскиот штаб во Делчево, се одржа средба со пензионери од општината, организирана од кандидатот за градоначалник Иван Гоцевски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. 

Целта на средбата, како што се вели во објавата на Гоцевски на фејсбук, беше да се слушнат ставовите, предлозите и потребите на пензионерите, како и да се разгледаат можностите за унапредување на квалитетот на нивниот секојдневен живот.

-На настанот присуствуваа голем број пензионери, кои отворено дискутираа за различни прашања – од здравствени и социјални услуги, преку условите за пензионерски клубови, па сѐ до предлози за културни и рекреативни активности наменети за третата возраст, истакна Гоцевски.

Посебен акцент бил ставен на потребата од подобрување на локалниот здравствен систем, организирање на редовни едукативни и културни настани и поддршка за социјално вклучување на пензионерите во општествените процеси.

Средбата како што соопшти Гоцевски поминала во духот на заемна почит и соработка, а присутните ја изразиле својата подготвеност за активно учество и во идни активности.

-Им благодариме на сите кои присуствуваа и придонесоа со свои идеи и предлози. Нашата врата останува отворена за сите граѓани кои сакаат да бидат дел од позитивните промени во Делчево“, истакна  Гоцевски. вс/мч/

Фото: Иван Гоцевски (ФБ објава)

Остани поврзан