Кандидатите за градоначалник на Прилеп го потпишаа кодексот за фер и демократски избори
- Петтемина кандидати за градоначалник на Прилеп денеска во големата сала на прилепската локална самоуправа го потпишаа кодексот за фер и демократски локални избори за градоначалник и за членов

Прилеп, 24 септември 2021 (МИА) - Петтемина кандидати за градоначалник на Прилеп денеска во големата сала на прилепската локална самоуправа го потпишаа кодексот за фер и демократски локални избори за градоначалник и за членови на советот на Општината.
Кодексот за фер и демократки избори кандидатите го потпишаа пред членовите на Општинската изборна комисија.
Во Прилеп официјално има пет кандидати за градоначалник. Тоа се: Горан Сугарески од СДСМ и коалицијата, Борче Јовчевски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Славе Петрески од ЛДП и ДОМ, Зоран Митрески од Македонската конзервативна партија „Интегра“ и независниот кандидат Жарко Стеваноски. Поднесени се осум листи за советници. ем/мд/