Кандидатите за градоначалник и носителите на советничките листи за Струмица го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори
- Кандидатите за градоначалник на Струмица Марјан Даскаловски од СДСМ, Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ, Ристо Цасконоје од Единствена Македонија и Драган Котуровиќ, независен кандидат, синоќа го потпишаа Кодексот за фер демократски избори.
Струмица, 28 септември 2025 (МИА) - Кандидатите за градоначалник на Струмица Марјан Даскаловски од СДСМ, Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ, Ристо Цасконоје од Единствена Македонија и Драган Котуровиќ, независен кандидат, синоќа го потпишаа Кодексот за фер демократски избори.
Тие се обврзаа дека во предизборната кампања ќе ги почитуваат сите закони и прописи, ќе го почитуваат владеењето на правото при организирање и спроведување на изборите и дека во предизборниот процес нема да користат говор на омраза и дека нема да вршат дискриминација по ниту еден основ.
Кодексот за фер и демократски избори го потпишаа и носителите на кандидатските листи за членови на Советот на Општина Струмица- Александар Илиев од ЗНАМ, Миле Гогов од СДСМ, Никола Маџунков од ВМРО-ДПМНЕ, Синан Мустафа од Демократска партија на Турците и Ѓорги Танушев од Стига е.
Носителите на кандидатските листи од Левица и Движењето за национално единство на Турците не присуствуваа на потпишувањето на Кондексот. рт/аа/
Фото: ФБ Марјан Даскаловски