• петок, 20 декември 2024

Канарските острови со рекорден број пристигнувања на мигранти

Канарските острови со рекорден број пристигнувања на мигранти

Мадрид, 2 декември 2024 (МИА) - Бројот мигранти кои стигнаа до бреговите на Канарските острови со несигурни пловни објекти од Западна Африка достигна апсолутен годишен рекорд од 41.425 пристигнувања меѓу 1 јануари и 30 ноември оваа година, објави шпанското Министерство за внатрешни работи.

Седумте острови во близина на брегот на Атлантскиот Океан на северозападна Африка се борат да го апсорбираат бранот илегални мигранти кои пристигнуваат со преполни отворени чамци во потрага по подобри можности за живот во Европа.

На еден месец до крајот на 2024 година, ова е втора година по ред како шпанскиот архипелаг крај брегот на северозападна Африка, кој е на предната линија на борбата на Европа за ограничување на миграцијата, бележи рекордни пристигнувања.

Мигрантите кои стигнуваат до Канарските острови се  претежно од Мали, Сенегал и Мароко, според најновите податоци до октомври од Агенцијата за гранична и крајбрежна стража на Европската унија - Фронтекс. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан