• петок, 08 ноември 2024

Канадските фудбалерки со минус шест бода ја почнаа Олимпијадата

Канадските фудбалерки со минус шест бода ја почнаа Олимпијадата

Париз, 28 јули 2024 (МИА) - На фудбалерките на Канада одземени шест бода, а тренерот суспендиран на една година поради летање дрон и следење на тренингот на Нов Зеланд пред Олимпијадата.

Претходно Нов Зеланд ја обвини Канада за шпионирање на тренинзите пред меѓусебниот натпревар на женската репрезентација на Олимпијадата. 

Олимпискиот комитет на Нов Зеланд соопшти дека тренингот на тимот бил прекинат поради дрон лансиран од вработен во тимот на Канада.

ФИФА објави дека женската репрезентација на Канада е казнета со шест бода, а нивниот селектор Беверли Пристман е суспендиран на една година.

Дополнително, аналитичарот Џозеф Ломбарди и помошникот тренер Јасмин Мандер, исто така, се суспендирани од сите активности поврзани со фудбалот на една година поради „кршење на принципите на фер-плеј“. 

Инаку, Канада го совлада Нов Зеланд со 2:1 во 1. коло. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан