• недела, 28 јули 2024

Канада на списокот со санкции додаде уште 203 претставници на самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск

Канада на списокот со санкции додаде уште 203 претставници на самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск
Отава, 27 април 2022 (МИА) - Канада додаде уште 203 претставници на самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск на списокот со санкции, како дел од канадските санкции поврзани со ситуацијата во Украина. На списокот со санкции се и министри на самопрогласените републики. Санкциите опфаќаат замрзнување на евентуални банкарски сметки во Канада и забрана за влез во земјата. Во соопштението на канадското Министерство за надворешни работи се наведува дека од 24 февруари 2022 година Отава вклучила повеќе од 1.000 поединци и компании од Русија, од Белорусија и од Украина на списокот со санкции поради ситуацијата во Украина. Исто така се наведува и дека Канада има намера да продолжи со политиката на санкции против Москва поради ситуацијата во Украина. ми/

Остани поврзан