• вторник, 24 декември 2024

Канада и САД го продолжија договорот, границата останува затворена уште еден месец

Канада и САД го продолжија договорот, границата останува затворена уште еден месец
Отава, 19 октомври 2020 (МИА) - Отава и Вашингтон ќе го продолжат договорот за затворање на копнената граница меѓу Канада и САД за уште еден месец. Само на „најважните“ патници, како што се камионџиите кои превезуваат стока, ќе им биде дозволено да ја преминат оваа граница до 21 ноември. Тоа го соопшти денеска канадскиот министер за јавна безбедност Бил Блер. „Ги продолжуваме ограничувањата за патување со САД до 21 ноември 2020 година. Нашите одлуки ќе продолжат да се засноваат на најдобрите достапни препораки за јавно здравје за да ги одржат Канаѓаните безбедни“, напиша тој на Твитер. Оваа граница е затворена од 18 март за да се ограничат ризиците од ширење на коронавирус. Двете земји го продолжуваат ваквиот режим од месец во месец. Пандемијата на Ковид-19 однесе повеќе од 224.000 животи во САД и над 9.700 во Канада. ссм/

Остани поврзан