• сабота, 21 декември 2024

Канада испраќа противтенковско оружје во Украина, забранува увоз на нафта од Русија

Канада испраќа противтенковско оружје во Украина, забранува увоз на нафта од Русија
Отава, 28 февруари 2022 (МИА) - Канадските власти имаат намера да и достават противтенковско оружје на Украина. Тоа го соопшти канадскиот премиер Џастин Трудо. - Објавуваме денеска дека ќе ја снабдиме Украина со системи за противтенковско оружје и модернизирана муниција, истакна Трудо. На 27 февруари, канадските власти објавија дека донеле одлука да ја снабдат со оружје Украина во вредност од 25 милиони американски долари (19,6 милиони американски долари). Според канадската министерка за одбрана Анита Ананд, првиот авион со опрема вечерва ќе лета од Канада кон Европа. Трудо најави и дека Канада ќе го забрани увозот на нафта од Русија. - Објавивме денеска и забрана за целиот увоз на сурова нафта од Русија, индустрија која донесе големи придобивки за рускиот претседател Владимир Путин и неговите олигарси. И додека Канада увезе многу малку количества во изминативе години, оваа мерка испраќа силна порака, додаде канадскиот премиер. гт/

Остани поврзан