• сабота, 23 ноември 2024

„Камник“ и „Тиквеш“ меѓу добитниците за најдобри вина на саемот „Винска визија“ на Отворен Балкан

„Камник“ и „Тиквеш“ меѓу добитниците за најдобри вина на саемот „Винска визија“ на Отворен Балкан

Белград, 18 ноември 2023 (МИА) - Српската премиерка Ана Брнабиќ на третиот ден од Вториот саем „Винска визија на Отворен Балкан“ вечерва ги додели трофејните награди за најдобри вина на саемот, меѓу кои се и наградите за македонските винарии „Камник“ и „Тиквеш“, јави дописникот на МИА од Белград.

Меѓу наградените во повеќе категории, а по одлука на меѓународно стручно жири кое оценуваше над 800 примероци вина, во категоријата национален трофеј на Отворен Балкан, за најдобро вино од Северна Македонија беше прогласено виното „каберне совињон 2022“ од винаријата „Шато Камник“.

Во категоријата за најдобро вино од автохтона сорта како најдобро беше прогласено виното „жилавка бела вода 2022“ од винаријата „Тиквеш“.

- Ова е втор пат да ја споделуваме визијата за Отворен Балкан, а ако е вистина дека има вистина во виното, ова е показател дека можеме да ја споделиме истата визија и да се движиме во иднината, рече Брнабиќ на доделувањето на наградите и се заблагадари на целиот тим што работеше на организацијата, како и на гостите од Албанија, Северна Македонија и на сите винарии.

Саемот „Винска визија“ на Отворен Балкан што се одржува под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, собра околу 600 изложувачи од 24 земји од светот. Половина од изложувачите беа од земјите на Отворен Балкан, од кои 260 од Србија, 74 од Северна Македонија и 21 од Албанија.

Саемот го отворија српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, премиерот Димитар Ковачевски, а премиерот на Албанија, Еди Рама се обрати преку видео врска.

Саемот за вино важи за четврти по големина во Европа. об/бак/

Фото: принтскрин

Остани поврзан