Камионет падна во провалија во Гватемала, загинаа 17 лица
- Жртвите се сиромашни жители на село, кои биле да земат пари доделени од Светската програма за храна на Обединетите Нации
Гватемала, 6 октомври 2022 (МИА) - Седумнаесет лица загинаа, а 13 се повредени кога камионет движејќи се по планински пат, падна во провалија во Гватемала, јавија дел од светските медиуми.
Местото на несреќата е на само 200 километри источно од главниот град на Гватемала, недалеку од границата со Хондурас.
Жртвите се сиромашни жители на село, кои биле да земат пари доделени од Светската програма за храна на Обединетите Нации.
Како што пишуваат медиумите, возачот го запрел камионетот каде веќе имало триесетина луѓе, за да качи други патници. Но, возилото тргнало и паднало во провалија. бд/