Камала Харис започна рекламна кампања од 50 милиони долари во претседателската трка во САД
- Потпретседателката на САД Камала Харис, која е најверојатниот претседателски кандидат на Демократската партија, денеска започна рекламна кампања вредна 50 милиони долари, пренесоа бртанските медиуми. Во нејзиниот едноминутен клип, насловен „Бестрашен“, таа го искористи моментумот на нејзината рана кампања против нејзиниот републикански ривал, Доналд Трамп.
Вашингтон, 30 јули 2024 (МИА) - Потпретседателката на САД Камала Харис, која е најверојатниот претседателски кандидат на Демократската партија, денеска започна рекламна кампања вредна 50 милиони долари, пренесоа бртанските медиуми. Во нејзиниот едноминутен клип, насловен „Бестрашен“, таа го искористи моментумот на нејзината рана кампања против нејзиниот републикански ривал, Доналд Трамп.
Ова е прво големо видео за кампањата на Харис откако таа ја собра поддршката на демократите зад нејзината кандидатура по повлекувањето на претседателот Џо Бајден од трката на 21 јули.
Покрај тоа што доби поддршка од донатори со големи пари, Харис доби поддршка меѓу групите млади гласачи кои Бајден се бореше да ги придобие.
Анкетите во изминатата недела покажаа дека Харис (59) се приближува до Трамп (78), кој сè уште води во некои национални анкети.
Клипот ќе се емитува на телевизија, како и на некои социјални мрежи во клучните држави неколку недели пред Демократската национална конвенција, која започнува на 19 август.
Клипот од кампањата започнува со фотографии на Харис како мало девојче и го следи нејзиниот развој како обвинител, државен јавен обвинител и потпретседател на САД. „Тоа што Камала Харис отсекогаш била е тоа што е бестрашна“, се вели во описот на клипот.
Откако ја презеде својата нова улога, Харис се фокусираше на обвинувањата против Трамп во случајот во кој е вмешана порно ѕвезда, како и на други кривични пријави со кои се соочува поранешниот претседател. Харис, исто така, го обвини Трамп за бранот мерки против абортусот во републиканските држави низ целата земја.
Рекламните купувања на кампањата на Харис ги надминаа клиповите од 10 милиони долари објавени вчера од кампањата на Трамп. Ова е најголемиот обем на реклами на Трамп од јануари. мс/
фото: ЕПА