• вторник, 23 јули 2024

Калцона: Наполи е на вистинскиот пат

Калцона: Наполи е на вистинскиот пат

Неапол, 4 март 2024 (МИА) – Тренерот на Напооли, Франческо Калцона по победата над Јувентус со 2:1 синоќа во дербито на колото во Серија А, изрази задоволството од изданието на неговите фудбалери.

- Ние сме на вистинскиот пат, но има уште многу работа пред нас. Многу сум среќен поради победата, видов тим кој сака да се подобри. Со победата на овој натпревар, тимот испрати сигнал дека сакаме да постигнеме важни цели. Мило ми е што гледам толку обединет тим кој се стреми да стане посилен, изјави Калцона.

Ги посочи двајцата играчи кои се носители на тимот.

- Кварацхелија и Осимен се фудбалерите околу кои се базира нашата игра. Тие имаа тешки периоди оваа сезона, но сега речиси се вратија во својата оптимална форма, додаде предводникот на Наполи.

Наполитанците по 27 кола се на 7. место на табелата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан