• среда, 27 ноември 2024

Калин Георгеску кој води по првиот круг на претседателските избори во Романија, ги отфрли обвинувањата за екстремизам

Калин Георгеску кој води по првиот круг на претседателските избори во Романија, ги отфрли обвинувањата за екстремизам

Букурешт, 26 ноември 2024 (МИА) - Независниот кандидат за претседател на Романија, Калин Георгеску, кој изненадувачки победи во првиот круг од претседателските избори во неделата, ги негираше обвинувањата дека е екстремист, наведувајќи дека е само „Романец кој ја сака својата земја.

- Обвинет сум за екстремизам – тоа е не е вистина, целосна невистина. Јас сум целосно посветен, со сето свое срце и со својот живот, на романскиот народ,“ изјави Георгеску на синоќешниот пренос во живо на својот YouTube канал.

Крајнодесничарскиот политичар Георгеску(63) освои 22,94 отсто од гласовите во првиот круг, додека десноцентристичката кандидатка Елена Ласкони, лидерка на опозицискиот Сојуз за спас на Романија, е втора со 19,18 отсто. Левичарскиот премиер Марчел Чолаку, кој според анкетите беше фаворит, заврши на третото место со 19,15 отсто, по што поднесе оставка како лидер на Социјалдемократската партија, но ќе остане премиер до парламентарните избори на 1 декември.

Во својата изјава, Георгеску ја спореди својата победа со Револуцијата од 1989 година, кога беше соборен диктаторот Чаушеску. Тој нагласи дека „нема Исток и Запад, туку само Романија,“ додавајќи дека економската стабилност на земјата зависи од нејзината неутралност.

Иако често ги истакнува црквата и семејството, Георгеску е контроверзен поради претходните изјави, како нарекувањето „херои“ на воени злосторници и критиките кон НАТО.

Вториот круг од изборите е закажан за 8 декември. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан