• петок, 05 декември 2025

Калас го поздрави договорот за Газа

Калас го поздрави договорот за Газа

Брисел, 9 октомври 2025 (МИА) – Шефицата за надворешни работи на ЕУ, Каја Калас го поздрави договорот за првата фаза од мировниот план Газа велејќи дека значи значаен пробив.

- Ова е голем дипломатски успех и вистинска можност за ставање крај на разорната војна и ослободување на сите заложници, напиша Калас на Х.

Таа нагласи дека ЕУ ќе направи сè што може за да ја поддржи имплементацијата на она што е договорено.

Според соопштение на катарското Министерство за надворешни работи, Израел и Хамас постигнале договор за механизмите за спроведување на првата фаза од мировниот план, која вклучува прекин на огнот, размена на заложници и затвореници, и влез на хуманитарна помош.

Во наредните денови, Хамас треба да ги ослободи сите 20 живи заложници во замена за палестински затвореници, додека израелската војска ќе почне со повлекување од поголемиот дел од Газа. јт/

Остани поврзан