• сабота, 23 ноември 2024

Како одговор на забраната на Додик, Шмит свика и го откажа состанокот во Бања Лука

Како одговор на забраната на Додик, Шмит свика и го откажа состанокот во Бања Лука

Бања Лука, 12 септември 2023 (МИА) - Високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит денеска свика, а потоа ја откажа средбата во Бања Лука, откако повеќето опозициски српски политичари и еден од потпретседателите на Република Српска најавија дека нема да учествуваат на неа, што требаше да биде одговор на српскиот лидер Милорад Додик дека Шмит не треба да доаѓа во РС. 

Канцеларијата на високиот меѓународен претставник (ОХР) објави дека посетата на Шмит на Бања Лука „не била дефинитивно договорена“. 

„Денеска високиот претставник свесно одлучи да не учествува во оркестрирана театарска претстава, земајќи ги предвид интересите на сите граѓани на Босна и Херцеговина“, соопшти ОХР.

Во соопштението се додава дека денеска Шмит разговарал со потпретседателот на Република Српска Чамило Дураковиќ за состојбата со повратниците во тој ентитет и дека се договориле овој разговор да продолжи наскоро. 

Минатата недела претседателот на Република Српска Милорад Додик, против кого беше потврдено обвинението за неприменување на одлуките на високиот меѓународен претставник, прво се закани дека ќе го уапси Шмит доколку стапне во Република Српска. Откако се соочи со остри осуди од меѓународната администрација, вклучително и од Стејт департментот, Додик ретерираше дека Шмит нема официјално да се сретне со никого во тој ентитет. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан