• петок, 05 декември 2025

Како буквата „Z“ влегува во историјата на руските пропагандни напори

Како буквата „Z“ влегува во историјата на руските пропагандни напори
15 март 2022 Тајм - Њујорк На 5 март, украинскиот гимнастичар Илија Ковтун се качи на подиумот на настанот од Светскиот куп во гимнастика во Доха, да го прими својот златен медал во категоријата разбој. Близу до него стоеше рускиот гимнастичар Иван Кулијак, кој доби бронза. Но, светот не зборува за нивните спортски успеси. Наместо тоа, во потег наречен „шокирачки“ од Меѓународната гимнастичарска федерација, Кулијак на униформата, со бела лента, ја носеше буквата „Z“, (З) која стана симбол на поддршка за руската инвазија. Федерацијата соопшти дека ќе започне дисциплинска постапка против Кулијак, и им забрани и на сите руски и белоруски атлетичари да се натпреваруваат од 7 март. Набргу потоа, руското Министерство за одбрана почна да објавува фотографии од руски војници на Инстаграм, со „Z“ и можните значења - „За победа“, „За мир“. - Тие внесоа значење во симболите многу повеќе од она за што, најверојатно, биле назначени, тврди Кирил Аврамов, доцент на универзитетот во Тексас во Центарот за руски, источноевропски и евроазиски студии во Остин. Според Аврамов, „се вклопува многу добро со традицијата на најдобрите техники на советската пропаганда на земање и усвојување симболи“. Буквата сега се рашири низ земјата. Деновиве се гледа на задни прозорци од автомобили, на билборди во метро системите на Санкт Петербург и Москва, како и на пропагандните објави на социјалните мрежи. Телевизиската мрежа под руска контрола, РТ, почна да продава маички украсени со симболот. Во Казан, болни деца беа наредени во снег, правејќи ја буквата „Z“. Марија Бутина, руската парламентарка, осудена во САД за служење како нерегистриран странски агент пред и по изборите во 2016 година, сподели видео од самата себе, како црта бела „Z“ на реверот од нејзиниот костум. „Продолжете со работа, браќа. Ние сме со вас“, вели таа во видеото.   Бидејќи буквата ја нема во руската кирилица, кога Русите го користат симболот онлајн, без разлика дали со менување на буква што звучи како „з“ на руски - што изгледа повеќе како 3(бројот три) - во сопствените имиња на романизирани верзии или прикачување на „З“ на нивниот Твитер профил, служи како значка на честа - како и лесен начин да се покаже поддршка за Русија, појасни Аврамов. Тој истакна дека, иако појавата на „З“ се чини како нешто ново, се вклопува во долгата историја на симболи, користени во националистички напори. - Фразата „За победа“ е во идно време, но, иронично, позајмена е од минатото, изјави Маргарет Пикок, вонреден професор по историја на универзитетот во Алабама, истакнувајќи дека фразата за првпат се појавила како дел од пропагандата на Втората светска војна. „Тоа не беше само артикулација на државната моќ, тоа беше одраз на национализмот и групниот идентитет“. Сега, гледањето кон победите од минатото, е начин за Русија да ја реконструира војната и да добие поддршка од граѓаните. - Тоа што се обидуваат да го направат, е да ги поистоветат делата на руската армија денес со оние на Црвената армија за време на Втората светска војна, смета Аврамов. Тој додаде дека „Русија се враќа на светската сцена, воинствена, борбена и сама. Ова е „а-ха момент“ за да се разгори енергијата за Русите да се соберат околу знамето“. Кога Русија првпат ја нападна Украина во 2014 година, руските пропагандисти ја оценија револуцијата како обид на нацистите да ја ослободат земјата од населението што зборува руски. Изминатиот месец, Путин повика на „денацификација“ на Украина, лажно имплицирајќи дека инвазијата наликува на повоените напори за разбивање на германскиот нацистички режим. Но, украинскиот министер за одбрана, Олексиј Резников, сугестираше дека, всушност, Русите се потпираат на нацистичката иконографија, споделувајќи фотографии од „Z“ на тенк заедно со две „Z“ испреплетени да личат на свастика. Тој напиша на Твитер: „Во 1943 година близу конкампот Заксенхаузен беше станицата З каде беа извршени масовни убиства“.   На про-воениот митинг во Волгоград на 6 март, буквата „Z“ беше исполнета со портокалови и црни ленти, како знак на друг руски националистички симбол. Во 2005 година, државниот информативен сајт РИА Новости, барајќи сувенир како дел на проект за спомени од Втората светска војна, го усвои портокалово и црниот орден Свети Џорџ - награда на бојното поле што се враќа во Империјална Русија - за да создаде ленти што беа дистрибуирани низ целата земја. „Лентите што симболизираа боречка слава и сеќавање успеаја каде Денот на независноста и други симболи не успеаја – да ги обединетат Русите“, напиша РИА Новости во 2007 година. бд/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан