• сабота, 16 ноември 2024

Каиро: Утре продолжуваат преговорите меѓу Израел и Хамас

Каиро: Утре продолжуваат преговорите меѓу Израел и Хамас

Каиро, 30 март 2024 (МИА) - Преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас ќе продолжат утре во Каиро, јави египетската Ал Кахера њуз ТВ, повикувајќи се на безбедносни извори.

Најавата доаша откако канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера соопшти дека тој се согласил на нова рунда на разговори за прекин на огнот во Газа и ќе испрати делегации во Египет и Катар за преговарачки дискусии.

Претходните преговори, чии посредници беа Египет, Катар и САД, завршија неуспешно, откако Израел ги отфрли барањата на Хамас.

Се очекува Израел утре да испрати делегација во Каиро, додека, според западни медиуми, Хамас одлучил да почека информации посредниците во Каиро во врска со исходот од нивните разговори со Израел. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан